Франција повторно го потврди својот статус на најпосетена туристичка дестинација во светот, откако во изминатата година ја посетиле повеќе од 100 милиони странски туристи. Со оваа бројка земјата го надмина и сопствениот рекорд и уште еднаш се најде на врвот на глобалната туристичка листа.
Според податоците на француските туристички власти, туризмот продолжува да биде еден од најсилните економски сектори во земјата. Покрај рекордниот број посетители, Франција остварила и значителни приходи од меѓународниот туризам, што дополнително ја зацврстува нејзината позиција како водечка светска дестинација.
Меѓу најпосетените места се Париз, француската ривиера, Алпите и бројни историски и културни локалитети кои секоја година привлекуваат милиони туристи од целиот свет.
Експертите сметаат дека комбинацијата од богата културна понуда, гастрономија, уметност, природни убавини и развиена туристичка инфраструктура е клучна причина зошто Франција со години останува омилена дестинација за патниците.