Франција им дозволи на американските авиони да користат нејзини бази на Блискиот Исток

Франција привремено им дозволи на американските авиони да користат воени бази на Блискиот Исток додека трае конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.
epa05973413 (FILE) - A Royal Malaysian Air Force Sukhoi SU-30 fighter jet during an aerial preview in Singapore, 14 February 2016 (reissued 19 May 2017). According to media reports on 19 May 2017, the US military officials said that two Chinese Sukhoi Su-30 fighter jets intercepted a US WC-135 plane, which was conducting a radiation survey in international airspace over the East China Sea. EPA/WALLACE WOON

Франција привремено им дозволи на американските авиони и други летала да ги користат нејзините воени бази на Блискиот Исток, регион кој во моментов е погоден од воениот конфликт меѓу САД, Израел и Иран, соопшти францускиот Генералштаб, пренесува AFP.

„Во рамките на нашите односи со САД, присуството на нивните летала привремено е одобрено во нашите бази во регионот“, изјави портпаролка на францускиот Генералштаб, потврдувајќи ја информацијата што претходно ја објави телевизискиот канал LCI. Таа додаде дека овие летала придонесуваат за заштита на партнерите на Франција во земјите од Персискиот Залив. Терминот „летала“ опфаќа различни типови воздушни средства, вклучително и хеликоптери.

Од почетокот на конфликтот, Франција зазема „строго одбранбена позиција“, како што изјави претседателот Емануел Макрон. Тој во вторникот најави распоредување на значителни воени сили во источниот дел на Средоземното Море, меѓу кои и носачот на авиони „Шарл де Гол“.

Макрон истакна дека офанзивата што ја започнаа САД и Израел против Иран се одвива надвор од рамките на меѓународното право, но нагласи дека Франција мора да преземе мерки за да ја заштити својата безбедност, своите државјани, воените бази и сојузниците во регионот.

Франција има одбранбени договори со земјите од Заливот

Франција има потпишано одбранбени договори со Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Според француската министерка за одбрана Катрин Вотрен, Иран извршил напади врз две француски бази во Емиратите, но засега не е јасно дали тие биле намерно насочени.

Министерката додаде дека шест борбени авиони „Рафал“ пристигнале како засилување во Обединетите Арапски Емирати.

И покрај официјалната позиција на Париз, дел од француската левичарска опозиција предупредува на ризик Франција да биде вовлечена во конфликтот.

Во меѓувреме, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека американските авиони дејствувале од британски бази, иако претседателот Доналд Трамп претходно го критикуваше Лондон поради наводна недоволна соработка.

Од друга страна, Шпанија категорично одби да им дозволи на американските авиони да користат нејзини воени бази за операции поврзани со конфликтот со Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни