Фотографиите на Киро Урдин од Етиопија изложени во Бузау, Романија

Европската турнеја на изложбата на фотографии на нашиот еминентен мултимедијален уметник Киро Урдин, продолжува во Бузау, Романија. Таму, во новиот дел на Окружниот музеј, од 20 ноември романските љубители на уметноста ќе можат да уживаат во уметничките фотографии продуцирани од Урдин вдолж реката Омо, на југот на Етиопија, за време на неговите чести патувања.

Во најавата за „Луѓето од долината Омо”, како што е насловена изожбата, директорот на музејот, Думитру Костаке, ќе забележи: „Овој изложбен проект му припаѓа на извонредниот македонски артист Киро Урдин кој, си постави за цел да изненади со автентичноста на човечкото битие, недопрено од сите вознемирувачки елементи на развиеното општество, кои тежат овие зони на човечкиот хабитус да ги монополизира, во борбата за нови ресурси”.

Изложбата ќе трае до јануари, а истата е курирана од Теа Теохаревска, додека комесар е Јане Теохаревски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни