Фотографијата која стана симбол на бојкотот на протестите на Србија: Студентката со црвени раце и полицаецот со спуштен поглед

Мојот пристап кон полицаецот пред Владата на Република Србија беше реакција на тоа што се смееше на жената додека таа плачеше. По тоа настана фотографијата со него со спуштена глава

Во морето на впечатоци, фотографии, снимки и рилови, една од сликите по кои ќе се паметат протестите 2024/2025 е онаа направена на 3 ноември, кога млада жена, студентка со испружени црвени раце гледаше полицаец толку решително, што тој немаше друг избор освен да ја спушти главата.

Местото каде е направена фотографијата е Владата на Република Србија во Белград, на протестот по падот на надстрешницата во Нови Сад на 1 ноември, каде загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Во сцената која ги опишува емоциите и состојбата на стотици илјади луѓе во Србија, главна улога имаше студентката од втора година на продукција на Академијата за уметности во Белград, Дуња Цвејанов. Дуња открива дека иако сега живее во Белград, е врзана е за Нови Сад затоа што таму пораснала.

„Често поминував под надстрешницата на железничката станица, а тој ден поминаа таму и моите пријатели. Благодарна сум што тие се добро. Бев свесна дека тука можело да стои кој било од нас. Чувството што го носев во себе тој ден беше нобјасниво, никогаш не сум чувствувала толку голем бес и тага во исто време“, вели Дуња на запорталот N1.

„Целиот настан беше многу спонтан. Малку е да се каже дека луѓето беа потресени и бесни. Овој протест би го сместила меѓу најемоционалните на кои сум присуствувала. Имено, кордон полиција стоеше пред Републичкото јавно обвинителство каде настана една од тие фотографии. Мојата потреба да се приближав полицајците и да застанам пред нив беше одговор на нивната реакција на нас. Не можев да поднесам нивните погледи со измевање и иронилни насмевки“, вели Дуња и продолжува:

„Мојот пристап кон полицаецот пред Владата на Република Србија беше реакција на тоа што се смееше на жената додека таа плачеше. По тоа настана фотографијата со него со спуштена глава“.

Како што вели, не можела ни да претпостави, ниту размислувала за тоа каков ефект ќе има таа фотографија и колку луѓе ќе ја видат.

„Тагата и болката која се чувствуваше за време на првиот протест сега прераснаа во лутина и бес, и додека не престанат да нè газат на улиците секојдневно, емоциите нема да се променат“, порача Дуња.

Говорејќи за мотивацијата, Дуња вели дека пораснала со родителите кои ја научиле дека секогаш треба да биде правична, дека молчењето никогаш не е решение и дека ако „сакам да променам нешто во своето опкружување, морам да започнам од себе“.

„Водејќи се по тоа, цел живот сум активен учесник на сите протести. Во тоа и лежи целата мотивација за мојот активизам за време на овие студентски протести. Јас, како една од нив, студентка во Белград, се чувствувам должна да бидам меѓу своите колеги денес. Сметам дека повеќе немаме простор за аполитичност и дека оваа земја може да се подигне од летаргија само со обединување. Потребно е да се врати надежта за подобро утре и да се покаже на луѓето дека слогата и единството сè уште постојат“, нагласува Дуња.

Како што додава, се надева дека јавноста до сега разбрала дека меѓу студентите нема лидер.

„Демократијата е моментално најважниот адут меѓу студентите, и инаку не би биле тука каде што сме. Токму затоа што не постои лидер, ние студенти не можеме да ви кажеме каде ќе одиме понатаму, трпеливо чекаме понатамошни планови, активно учествуваме на пленумите и даваме се што е во нашата моќ за да стигнеме до нашиот цел – до исполнување на сите барања и до систем во државата кој ни ветува сигурност и функционален живот“, заклучува Дуња за порталот.

Превземено N1/Фото Марко Рисовиќ, Гаврило Андриќ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни