(ФОТО) Меланија го воодушеви светот со стилот на утринската богослужба

Првата дама на САД Меланија Трамп пристигна со својот сопруг на новиот претседател на САД, Доналд Трамп во црквата Свети Џон на утринската богослужба пред денешната инаугурација на Трамп.

Меланија и Трамп беа придружувани од нивниот син Барон Трамп, ќерката Иванка и нејзиното семејство, како и многу политичари и истакнати личности како Лорен Санчез и Џеф Безос, како и Марк Цукерберг, но и Роберт Кенеди и поранешниот британски премиер Борис Џонсон.

Меланија, која денеска и официјално станува прва дама на САД, се појави во исклучително хармоничен и елегантен аутфит – црн, целосно затворен костум, под кој облече бела кошула и ја искомбинираше со голема капа во истите нијанси.

Она што е интересно е што таа носеше слична капа за време на неговиот прв претседателски мандат во 2017 година.

Својот аутфит го комплетираше со црни кожени ракавици, а нејзиниот син Барон зрачеше со елеганција во свечен костум и долго палто.

Интересен детал е тоа што Трамп се појави без вообичаената црвена вратоврска. За потсетување, меѓу присутните беа Иванка и нејзиното семејство, Доналд Трамп Јуниор со неговата поранешна сопруга Ванеса и нивните наследници, како и таткото на Меланија, Виктор Кнавс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни