Вчерашната бурна ноќ во Србија во сите поголеми градови, се прелеа и во Панчево, од каде ви ја пренесуваме атмосферата доловена од фотографот Реља Јарковачки. Револтираните граѓани кои го пробија полицискиот кордон пред канцелариите на СНС здружено и во голем број го пренесоа незадоволството кое кулминираше во тензична атмосфера со конфликт меѓу полицијата и граѓаните.

Со извикот „Рацете ви се крвави“ граѓаните на Панчево поминаа бурна ноќ на улиците како поради настаните во Врбас и Бачка Паланка, така и поради немилиот инцидент кога човек на скутер згази деца и нивниот тренер на реката Тамиш. Иако првобитно извршителот на делото беше пуштен на слобода, подоцна бил приведен во станица.

Бурната атмосфера во Панчево како дел од граѓанската непослушност во Србија вчера, покажува дека граѓаните сакаат правда и не запираат со граѓанската иницијатива преку која се борат за исполнување на барањата на студентите, но и подобра и поправична држава.

Фотографии: Реља Јарковачки