Forbes препорачува 12 маратони на кои вреди да се отпатува оваа година

Ако одлучивте дека 2025 година ќе биде година кога ќе истрчате маратон, уредниците на Forbes Travel Guide нудат преглед на извонредни трки низ светот кои нудат неверојатни пејзажи покрај своите предизвикувачки патеки.

Од Арба до Ванкувер, овие маратони (и еден вертикален предизвик) ќе ве инспирираат да облечете патики и да истрчате 42,2 километри.

Ако одлучивте дека 2025 година ќе биде година кога ќе истрчате маратон, уредниците на Forbes Travel Guide нудат преглед на извонредни трки низ светот кои нудат неверојатни пејзажи покрај своите предизвикувачки патеки.

Еве 12 маратони кои вреди да се истрчаат оваа година:

Малта маратон
Датум на трката: 23. февруари
Оваа година Малта маратонот го слави своето 40 то. издание и се очекува рекорден број на учесници. Патеката ги води тркачите низ сликовит и предизвикувачки терен, покажувајќи пејзажи на Малта и историски споменици. И маратонот и полумаратонот претежно се спуштаат. Почнуваат во Мдина, средновековната престолнина на оваа островска држава на висина од 190 метри. Поминуваат низ шармантни градови и завршуваат на ниво на море.

Маратонот во Рим
Датум на трката: 16. март
Дали постои маратон кој минува покрај повеќе култни знаменитости од овој? Веројатно не. Маратонот во Рим го користи својот уникатен дизајн на патеката. Околу шест километри се поплочени со камења. Минува покрај Колосеумот, Циркусот Максимиус, Шпанските скали и други знаменитости. Побрзите тркачи нема да имаат многу време да уживаат во римските пејзажи. Но, тие кои трчаат побавно може да направат незаборавни ментални фотографии. А можеби и неколку вистински.

Бостонски маратон
Датум на трката: 21. април
Започнат во 1897 година, легендарниот бостонски маратон е најстарата годишна трка на светот со една од најтешките патеки. На Денот на патриотите (празник во Масачусетс во знак на сеќавање на првата битка на Американската револуција), повеќе од 30.000 тркачи започнуваат од предградијата на Хопкинтон. И се соочуваат со озлогласениот “Heartbreak Hill” (поминувајќи низ 32. километар) пред да завршат близу Бостонската јавна библиотека.

Ванкувер маратон
Датум на трката: 4. мај

Како што температурите започнуваат да се загреваат во југо-западна Британска Колумбија, возбудата околу најголемиот маратон во Канада расте. Покрај идеалните временски услови, повеќе од 20.000 учесници секоја година уживаат во сликовита патека која минува низ различни делови на градот. Како што се плажата Врек, Јелтаун и Западниот крај, пред да заврши во центарот на градот.

Маратонот на Арба
Датум на трката: 8. јуни
Топлината е најголемиот непријател на маратоците, поради тоа многу од најпознатите светски маратони се одржуваат на есен. Меѓутоа, трчањето 42,2 километри во сончевиот рај сигурно ќе надокнади дел од напорот. Патеката која минува низ западната обала на Арба ги води тркачите низ палми и домашни дрвја диви-диви. Се трча покрај тиркизните води на плажата Игл и крај 30-метарскиот светилник Калифорнија. Еден од најпопуларните знаменитости на островот. Завршува со церемонија за доделување награди и забава на плажа.

Маратон ду Медок
Датум на трката: 6 септември
Ако сте во Бордо, разбирливо е да сакате чаша вино при посетата. Ако трчате на маратон ду Медок низ познатите вински региони, тоа и се очекува. Со љубов наречен „највесел маратон на светот“, овој неконвенционален маратон има станици со вино и сирење. Исто така, шарени тематски активности и учесници во смешни (често вински) костими. Тоа е ден исполнет со насмевки и уживање.

Будимпешта маратон
Датум на трката: 12 октомври
Маратонот во Будимпешта има прекрасна патека која ја прикажува познатата Андраши авенија, Ланчаниот мост, Дунав и Будимскиот дворец. Трката симболично завршува на Плоштадот на хероите. За оние кои не се подготвени за целите 42,2 километри, викенд маратонот вклучува низа настани за тркачи од сите нивоа. Вклучувајќи трки на 5 км, 10 км и неколку штафетни трки на долги патеки.

Маратонот во Чикаго
Датум на трката: 12 октомври
Рамната и брза патека веќе долго време е омилена меѓу тркачи. Рекорден број од 160.000 луѓе се пријавиле за 2025 година. Трката поминува низ 29 чикашки квартови, вклучувајќи Пилсен (каде што мариачи бендови свират на 30 тиот километар) и Кинескиот кварт (каде околу 34. километар има танци на лавови). Маратонот започнува и завршува во Грант Парк, вклучувајќи Паркот Маги Дејли, фонтаната Бакингем (една од најголемите фонтани на светот) и Институтот за уметност.

Лисабонски маратон
Датум на трката: 25 октомври
Лисабонскиот маратон нуди една од најубавите рути во Европа, бидејќи целата патека оди долж море и други водени површини. Почнува во Каркавелосу, се витка долж Атлантскиот океан и реката Тежо. Завршува на Плоштадот на трговија, кој гледа кон пристаништето.

Њујоршки маратон
Датум на трката: 2 ноември
Њујоршкиот маратон е најголемата трка на светот. Повеќе од 55.000 луѓе ја завршиле трката во 2024 година. Се смета за неофицијален празник за илјадници гледачи кои гласно ги бодрат тркачите додека минуваат низ сите пет окрузи. Трката започнува на Стетен Ајленд, а тркачите поминуваат преку пет мостови и поминуваат низ квартовите на Бруклин, Квинс и Бронкс пред да стигнат до познатиот финиш во Централ парк, пред ресторан Tavern on the Green.

Маратон во Сингапур
Датум на трката: декември
Полна со кривини, остри свртувања и брзи правци, маратонот во Сингапур скоро наликува на авто-трка. Затоа и има смисла што патеката започнува кај зградата F1 Pit Building. Иако деталите за настанот 2025 сè уште не се објавени, ако се слични на оние од минатата година, гледачите можат да очекуваат незаборавен завршеток на живописниот мост Андерсон.

Маратон на островот Киавах, Јужна Каролина
Датум на трката: 13 декември
Веќе 46 години тркачите ја истражуваат сликовитата област Lowcountry на островот Киавах. Тоа е бариерен остров близу Чарлстон. Просечното ниво е само два метра надморска височина. Единствениот терен помогнал многу тркачи да постигнат лични рекорди и да се квалификуваат за Бостонскиот маратон. Природните знаменитости долж патеката – како што е прекрасната точка Ibis Pond Overlook, која е блиску до половината на трката, исто така обезбедуваат голема мотивација.

Бонус трка: Лоте Ворлд Товер Скај Ран, Сеул
Датум на трката: април
Не се сите маратони хоризонтални за време на 42,2 километри. Оваа годишна трка, дел од глобалната серија, бара издржливост за искачување на највисокиот вертикален маратон во Кореја. Учесниците се искачуваат на 123 спрата на кулата во Сеул, шеста највисока зграда на светот. Тоа се вкупно 2.917 скали (повеќе од 550 метри), на чии врв ве очекуваат нодолив погледи и награди. Се одржува од 2017 година, а минатата година привлекла рекордни 2.200 учесници од САД, Јапонија, Малезија и други земји.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни