„Комарците? Не ни фалат, веќе се дружиме, веќе сме заедно долго време,“ ни вели низ смеа Бане, алудирајќи на добро познатото летно друштво. Пеце, пак, додава дека освен комарците, вечерта ги инспирирала и вкусната пастрмајлија – и уште повеќе, одличната публика.
„Не пробав од комарците, тие од мене пробаа… ама од пастрмајлијата – пробав. И многу ми се свиѓа концептот – двете бини, публиката на средина, тоа е баш погодок. Посебно ми се допаѓа како е средена програмата – кат-кат, одма еден завршува, друг почнува. Многу филмски, динамично, брзо. Адреналин цело време – и за нас, и за публиката која трча од една на друга бина,“ објаснува Николoв.
Фестивалската локацијаспоред нив, не само што нуди поинакво искуство, туку и внесува нова енергија.
„Ова веќе не е ни експеримент. Ова е правило – посебно за летните фестивали. Децентрализацијата е шанса да научиме нешто ново, да ја разиграме цела земја и целата културна сцена. Ама комарците исто се добри“, завршува Бане со својот препознатлив хумор.
Фолтин уште еднаш покажа дека знае како да ја разбранува атмосферата, без разлика дали сте на сцена, или со комарци во првиот ред.