Од древната „воздушна јога“ до современиот фитнес на шипка кој за прв пат на запад се појавува во спотот за песната Jailhouse Rock на Елвис Пресли. Габриела и Сандра се инструкторки за овој тип на спортска активност која ги активира и зајакнува сите делови на телото.
За овој спорт нема никакви ограничувања, може да го вежбаат и жени и мажи, без разлика на возраст и претходна физичка подготвеност. Во моментов во Македонија се регистрирани околу стотина активни спортисти.
Иако Габриела и Сандра велат дека веќе во јавноста е прифатено дека фитнесот на шипка е спорт, сепак на социјалните мрежи постојат „дежурни“ поединци кои пишуваат недолични коментари. „Каде вака голи?“, „Дојди да ми заиграш“, „Сами си го барате“, „стриптизети“…
Девојките со тоа се справуваат многу едноставно: На омразата местото и е во ѓубре.
*Продукцијата на ова видео е поддржана од Телеком.