Финскиот претседател бара именување на европски пратеник за Украина

Нам ни се потребни две работи. Прво, тоа е преговарачки тим, каков што имаат Американците, Украинците и Русите. А тие ги имаат во Ријад, во Саудиска Арабија. Потоа, можеби, со време ќе ни биде потребен специјален пратеник кој ќе биде одговорен и ќе го координира сето тоа

Европа треба да формира сопствени преговарачки тим како дел од мирното решение на украинскиот конфликт и да именува специјален пратеник за Украина, изјави финскиот претседател Александар Стуб.

„Нам ни се потребни две работи. Прво, тоа е преговарачки тим, каков што имаат Американците, Украинците и Русите. А тие ги имаат во Ријад, во Саудиска Арабија. Потоа, можеби, со време ќе ни биде потребен специјален пратеник кој ќе биде одговорен и ќе го координира сето тоа“, изјави Стуб во интервју за Франс 24 по учеството на состанокот во Париз.


Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни