Филип Ејдус, професор на Факултетот за политички науки во Белград: 15 март е „Денот Д“ за Србија

Ова ќе биде голем, веројатно најголем собир од кога започнаа протестите во ноември. Се надевам дека нема да има насилство, иако постојат сериозни индиции дека режимот планира да предизвика инциденти

„Многу луѓе во Србија сметаат дека 15. март е „Денот Д“ за Србија“, вели за Трн Филип Ејдус, професор на Факултетот за политички науки при Универзитетот во Белград и еден од иницијаторите на ПроГлас. Во изјава за Трн за состојбата во Белград во моментов и за очекувањата од протестите тој вели:

„Ова ќе биде голем, веројатно најголем собир од кога започнаа протестите во ноември. Се надевам дека нема да има насилство, иако постојат сериозни индиции дека режимот планира да предизвика инциденти. Србија се наоѓа на пресвртна точка, стариот режим го изгуби легитимитетот, но сè уште не е јасно како ќе изгледа излезот од оваа криза. Најдобро би било да се формира прелодна влада која би ја подготвила за организирање на слободни и фер избори, но режимот не е подготвен на таков отстапок, вели Ејдус.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни