Фидан: Нападите врз Иран не смеат да го одвлечат вниманието од Газа

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го повика Израел веднаш да запре со својата „стратегија за дестабилизација на регионот“, по израелските напади врз Иран.

Изјавата следи по четиричасовна средба во Анкара, на која Фидан, министерот за одбрана Јашар Ѓулер, началникот на Генералштабот Метин Ѓурак и директорот на разузнавачката служба (МИТ) Ибрахим Калин разговараа за ситуацијата и можните последици од нападите.

„По хуманитарната трагедија во Газа, дестабилизацијата на Либан, окупацијата на Сирија, а сега и нападите врз Иран, време е Израел да се откаже од својата дестабилизирачка стратегија. Нема да дозволиме зголемените тензии во регионот да го одвлечат вниманието од геноцидот во Газа“, напиша Фидан на социјалната мрежа Икс.

Тој истакна дека нуклеарните преговори иницирани од американскиот претседател Доналд Трамп биле единствениот пат за решавање на конфликтот и нагласи дека дипломацијата е единствена алтернатива на војната.

Фидан додаде дека Турција е во близок контакт со САД, Иран, Ирак и Јордан и дека Анкара презела мерки на највисоко ниво за справување со ризиците за регионалната безбедност. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни