Како победничко решение беше избрана креативата на Ведран Шурбановски со креативата“Што ќе кажат комшиите?”, а Симона Симоновска со “No thinking, no prejudices!” и Дејвид Трајановиќ со “Running out of Time?” ги освоија второто и третото место, последователно.
Победникот на натпреварот ќе добие влезница, хотелско сместување и покриени патни трошоци за фестивалот Golden Drum, кој ќе се одржи на 13-ти и 14-ти октомври во Порторож, Словенија. Авторите на второ и третопласираното решение ќе добијат нов T-Tablet 2 и T-Phone 3.

Задачата да го одберат победничкото решение им припадна на тројцата членови на жири-комисијата: Јовица Рафајловски (Art Director во Saatchi & Saatchi Skopje), Сузана Штерјова (Marketing Communications and Media Expert, Телеком) и Андреј Павловски (амбасадор на Golden Drum).
„Искрено сме пријатно изненадени од бројот на автори кои пријавија свое решение за натпреварот, но и од квалитетот на испратените решенија. Не беше лесно да се одбере победник, бидејќи секое решение се истакнуваше на свој начин и имаше свој посебен карактер. Ова ни причинува голема радост и ни дава надеж дека овие млади креативци еден ден ќе бидат на сцената на Golden Drum како победници и во главната натпреварувачка програма. Во името на Голден Драм и Телеком, би им честитал на наградените, а на Ведран Шурбановски би сакал да му посакам среќен пат и се надевам дека ова искуство ќе му биде мотив за и понатаму да продолжи да плива во креативните води“, изјави Андреј Павловски, амбасадор на Golden Drum за Македонија.
Жирито на овој конкурс би сакало посебно да ја спомене и Бојана Арџелиева, најмладата учесничка, чие визуелно решение се издвојуваше со јасна и силна порака, впечатлива естетика и зрел пристап кон темата. Нејзиниот труд покажа дека креативноста нема години, и дека младите гласови можат да создадат моќни визуелни изрази што оставаат траен впечаток.

За повеќе информации победниците од конкурсот може се обратат на napravimesto@telekom.mk
Предрасудите и стереотипите се дел од нашето општество кое можеме, но и мораме да го промениме на подобро. Како општествено одговорна компанија, Македонски Телеком го поддржа и го промовираше овој натпревар за млади креативци со цел да ја подигне свесноста околу оваа тема и да ги охрабри младите да го искажат својот став преку уметност, бидејќи во времето во кое живееме и само еден глас може да направи голема разлика.
Уметноста ја има моќта да направи промена.