Четиринаесетто издание на „Д Фестивал“, најголемиот летен фестивал во Македонија и годинава во три фестивалски дена донесе одлична музика, над 15.000 посетители и реномирани артисти од домашната и светска музичка сцена. Фестивалот кој стана симбол на заедништвото, убаво поминатото време, дружење и љубов, започна со спектакулерн настап на хрватскиот бенд „Елементал“, африканската дива Фатумата Диавара, одличните „Јокер Аут“ од Словенија, Сама Албулхади, амблемот на палестинската андергаунд сцена и италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука, а заврши со концертот на Nouvelle Vague и нивниот уникатен спој на меланхоличен пост-панк и боса нова. На главната фестивалска сцена и настапија и Lufthansa еден од најдобрите бендови на македонската андерграунд сцена, BDM live, британскиот хит – мејкер Joel Corry, светски познатиот Jonas Blue. Македонската музичка сцена ја преставуваа различни генерации на музичари од LD Pistolero, Sanatorium, Peach Vice, Вагина корпорација, извонредните Фолтин, па се до младите бендови како Црно Собрание...
Д Фестивал годинава беше уште едно 72 часовно уживање во разновидна музичка програма, интересни содржини и прекрасна енергија на брегот на Дојранското езеро.
-На овогодинешниот 14- ти Д Фестивал имавме шест бини на кои настапуваат многу големи артисти и нови артисти, особено од македонската музичка сцена. На главната бина ги имаме Deborah de Luca, Fatoumata Diawara, Novelle Vague, Joker Out, Lil Pump… Од нашите ги имаме LD Pistolero, Sanatorium, Peach Vice... Така што ги имаме преголема и исполнета програма за сите вкусови и генерации. На „Mosquito stage“ ги имаме феноменалните холанѓани Yin Yin, Savršeni Marginalci, Foltin, Parketi… „Smooth stage“ е посветен на македонските нови артисти, односно на дел од бендовите кои прв пат излегуваат и настапуваат со своите бендови, прв пат ја презентираат својата музика во јавност, токму на Д Фестивал. Имаме и „Bravo stage“ кој е наменет за нови македонски ДЏ- еи каде што може да се пријават и да ја направат својата селекција на музика, да ја презентираат пред Д Фестивалската публика. Сите активности кои се случуваат во кампот, се тоа го прави фестивалот да има поголемо значење кај сите нас, затоа што сите овие активности ја ангажираат целосно публиката. Има дополнително нови ствари, нови дружења каде што луѓето се запознаваат токму поради овие активности. Имаме Д Берберница, тетовирање во живо, раскажување на приказни, утринска јога, тајчи, хип- хоп танцување, латино танување и слично – вели Рамона Кочишка, од „Д фестивал“
Трн и годинава беше дел од фестивалската атмосфера и имаше шанса да разговара со дел од учениците на фестивалот. Едни од нив се од најпопуларниот музички состав од Хрватска „Елементал“ со нивната музика која самите ја дефинираат како микс на на рап, фанк, соул и рок музика. „Елементал“ ги слушавме на генералната проба и на отварањето на фестивалот на главната фестивалска сцена.
-Секогаш се изненадувам, затоа што сметам дека постои јазична бариера и малку се грижам за тоа како ќе биде, колку луѓе ќе дојдат, дали воопшто не слушаат луѓето овде, како се тоа заедно ќе изгледа, ако зборувам меѓу песните дали луѓето ќе го разберат она што го зборувам. Така што, не знам… Секогаш некако малку стравувам, но штом дојдеме овде во Македонија и штом стапнеме на бината, сите тие сомнежи и стравови ги снемува, затоа што гледаме дека луѓето всушност многу слушаат музика и го разбираат јазикот, можеби помладите генерации не толку колку постарите, но секако се разбираме. Така што нам ни е тука секогаш убаво кога доаѓаме – вели за „Трн“ Мирела Приселац Реми од „Елементал“.
„Jокер Аут“, најголемата музичка сензација во регионот ја освои младата публика, со едночасовен настап полн енергија, одлична музика и сценски настап, уште една покажаа зошто нивната поблика во земјава е се поголема.
– Ова е прв концерт со некои нови визуелни елементи и ги свириме сите наши најголеми хитови. Сакаме секогаш да направиме добра журка. Во склоп на една турнеја која наскоро ќе ја најавиме, сакаме да дојдеме во Скопје. Тоа ќе ни биде прв соло концерт во Македонија кој го планираме – вели за „Трн“, фронтменот на групата, Бојан Цвјетинќанин.
Фестивалот и годинава понуди широк музички спектар на жанрови, од електро, реге, панк, инди-рок, хип-хоп, трап, поп… со фокус на актуелните трендови, без притоа да ја запостави домашната музичка сцена. И тоа онаа од сите генарации. Младите диџеи на „Bravo stage“, потоа Фолтин кои со своја изведба ја донесоа побликата на „Mosqito stage“ со нивната Везика, секогаш популарните Паркети како и младите бендови Црно Собрание, Номад, Ниандра на „Smooth Stage“
„Д Фестивал“ по многу нешта останува посебен. Пред се затоа што се оградува од тоа да биде ограничен на публика, музички жанрови и содржини.