Фекалии врз Градското собрание во Нови Сад

Неколку илјади луѓе, денеска нешто по 18 часот, започнаа протестна прошетка низ централните улици на Нови Сад кон Градското собрание, барајќи одговорност од властите за смртта на 14 лица во уривањето на натстрешницата на железничката станица во тој град.Како што јавуваат српските медиуми, за време на протестот, се случиле неколку инциденти. Имено, демонстрантите истуриле фекалии врз Градското собрание, порачувајќи дека тоа е перформанс бидејќи власта, фигуративно, „со години нè храни со фекалии“.

„Можат да го почувствуваат мирисот и вкусот на тоа што ни го прават“,изјавила една учеесничка на протестот.

Демонстрантите претходно се обиделе да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни