Трн на „Д Фестивал“

Фатумата Диавара, Елементал, Јокер Аут, Сама Абдулхади и Дебора де Лука го отворија годинешниот Д Фест

Со спектакулерн настап на хрватскиот бенд „Елементал“, африканската дива Фатумата Диавара, одличните „Јокер Аут“ од Словенија, Сама Албулхади, амблемот на палестинската андергаунд сцена и италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука, вчера беше отворено четиринаесетто издание на „Д Фестивал“.

Пред нив на неколкуте фестивалски сцени во кампот настапија познати имиња од домашната и странска сцена како и артисти кои својот прв настап го имаат токму на Д Фест.

Фатумата Диавара

Стејџот „Мosquito“ го отвори младата музичарка со извонредна енергија Зива, по која настапија неповорливите Фолтин. Одлична музика на Фолтин за сам крај на првиот ден во кампот и најава за она што следи на Главната фестивалска сцена.

По фолтин на „Мosquito“ сцената настапија Савршени Маргиналци, додека пак на „Smooth“ сцената ги гледавме DJ Charlie, Lost in Reverie, The OZZ, Mc Kain и Damagecontrol.

Одлична музика имаше и на „Lake Awake“ и „Bravo“ сцените.

ZHIVA/фото: Zewlean Icarus, Д Фестивал

 -Д Фестивал нуди широк спектар на различни вкусови и жанрови, од електро, реге, панк, инди-рок, хип-хоп, трап, поп… Направивме фестивал за сета публика, без да се врзува за одредена граница. Наша цел е веќе 14 – та година по ред да ја приближиме македонската публика и младите генерации до еден ваков тип на фестивал. Оваа година на главната бина ги имаме ЛД Пистолеро, Санаториум, Пич Вајз, Луфтанза, БДМ, ДЈ Флудер. Исто така, двата стејџа ,,Смут‘‘ и ,,Браво‘‘ се наменети за македонски нови и млади артисти и ДЈ и годинава име преку 30 нови македонски артисти, на кои ова е и првата сцена на која го имаат својот прв настап. Ова се настапи кои се паметат – вели за Трн Рамона Кочишки од Д Фестивал.

Foltin/фото: Zewlean Icarus, Д Фестивал

Вечерната програма на главната фестивалска сцена започна со настапот на најпопуларниот музички состав од Хрватска и нивната уникатна комбинација на рап, фанк, соул и рок музика. Експлозија од звук и енергија. „Елементал“ ги слушавме на генералната проба и на отварањето на програмата на главната фестивалска сцена.

-Секогаш сум изненадена кога ќе дојдам во Македонија затоа што претпоставувам дека постои таа јазична бариера и стравувам колку луѓе ќе дојдат на концерите, дали ја слушаат нашата музика овде, како сето тоа ќе изгледа на сцена, дали ако зборувам помеѓу песните ќе ме разбере публиката… Но штом дојдам во Македонија и излезам на сцена, сите тие стравови ги снемува затоа што гледаме дека луѓето овде ја слушаат и ја сакаат нашата музика. Така да нас ни е тука секогаш убаво- вели за „Трн“ Мирела Приселац Реми од „Елементал“.

Мирела Приселац Реми/ЕЛЕМЕНТАЛ

По нив настап имаше Фатумата Дијавара со нејзината волшебна музика, извонредниот вокал и моќните перформанси. Спој на традиционалната афричка музика и модерна музика од различните жанрови. Фатумата вчера вечер во Дојран ја донесе африканската култура и музика. Моќна на сцената сценски и вокално, таа го отелотворува и го слави духот на жената во нејзината уметност.

Jокер Аут“, најголемата музичка сензација во регионот ја освои младата публика. Со едночасовен настап полн енергија, одлична музика и сценски настап, младите Словенци уште една покажаа зошто нивната поблика во земјава е се поголема. Расположени за разговор и дружење, со нив се сретнавме на генералната проба.

Бојан Цвјетинќанин/ Joker Out

-Прв пат во Дојран правиме концерт со нови визуелни елементи. Ги свириме сите наши големи хитови и едноставно правиме голема журка. Со ова го најавуваме и нашиот следен концерт во Скопје, наш прв соло концерт – вели за „Трн“, фронтменот на групата Бојан Цвјетинќанин.

По нивниот настап, некаде после полноќ на сцената излезе одличната Сама Абдулхади со нејзиниот стил и звук како што таа самата го опишува “Berlin techno, but I perceive it in a Lebanese way”, а веднаш по неа и долго очекуваната италијанска техно ѕвездa, Дебора де Лука, која ја освои главната фестивалската сцена и публиката во Дојран.

Joker Out

Денес на вториот фестивалски ден посетителите ќе можат да уживаат во музиката на Peachvice, Sanatorium, LD Pistolero, Lil Pump, Flooder, Hot Since 82, на главната фестивалска сцена.

На стејџот „Мosquito“ се Yin Yin, Vagina Corporation, Bad Copy, додека пак на „Smooth“ сцената се македонските артисти Sacred Sound, Crno Sobranie, Dj Charlie, Kruel, Lilit и K.U.R.

Savrseni Marginalci/фото: Zewlean Icarus, Д Фестивал

Одлични настапи ќе има и на „Lake Awake“ и „Bravo“ сцените.

Покрај музичките настапи во кампот годинава се и Лабораториум со свое ќоше со игри, квизови, Бреинстер, истражувачкото друштво на студенти биолози, „Чудна шума“, утринска јогa со Ивана Батев, Центарот за Младински Активизам – Крик  невладината организација Хера, Екуалити и многу други содржини.

фото: Zewlean Icarus, Д Фестивал

Дојран викендов е мал ама силен магнет за стотици интернационални, регионални и локални артисти, уметници и љубители на добра музика.

Насловна фотографија: Zewlean Icarus, Д Фестивал

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни