ФАО: Војната сериозно го попречува доставувањето храна и лекови на Блискиот Исток

Агенцијата за храна на Обединетите нации предупредува дека ако конфликтот продолжи уште 45 милиони луѓе би можеле да се најдат во акутен глад

Бројни хуманитарни организации денес предупредија дека војната во Иран сериозно го попречила доставувањето храна и лекови до милиони луѓе низ регионот, јавува Асошиејтед Прес (АП).

Тие велат дека континуираното насилство ќе предизвика уште повеќе страдање на луѓето, бидејќи конфликтот ги нарушува синџирите на снабдување и ги принудува да користат поскапи и подолги патишта.

Клучните рути, како што е Ормутскиот теснец, се практично отсечени, додека летовите од стратешки центри како што се Дубаи, Доха и Абу Даби станаа поскапи поради повисоките цени на горивото и осигурувањето.

Ова значи дека со истите пари може да се достави помала помош, што дополнително го оптоварува хуманитарниот одговор во земјите погодени од конфликт во регионот.

Агенцијата за храна на Обединетите нации предупредува дека ако конфликтот продолжи до јуни, уште 45 милиони луѓе би можеле да се најдат во акутен глад, со што бројот на гладни луѓе во светот ќе достигне речиси 320 милиони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни