Фан на Nintendo или прекршител на законот? Јапонец осуден за хакнати конзоли

Јапонски државјанин е осуден на две години казна затвор (условно), поради незаконско продавање изменети и поправани џебни „Нинтендо свич“ конзоли за видеоигри. Според судската одлука, Јапонецот го прекршил Законот за авторски права на Јапонија.

Според тамошните медиуми, 58-годишниот Фумихиро Отобе од градот Рјугасаки бил уапсен поради продажба на модифицирани верзии на конзолите „Свич“. Иако модификациите на конзоли и други уреди се честа појава во дигиталната ера, тоа честопати е предмет на контроверзии поради можното прекршување на прописите за авторски права, но и безбедносните ризици. Некои ентузијасти го модифицираат хардверот за да дозволат инсталирање различен софтвер, додека други целосно ги преобликуваат конзолите.

Наводно, Отобе вградувал рециклирани делови во матичните плочи на конзолата, а потоа ги продавал. Јапонскиот Суд го осуди на условна казна од три години, со можни две години затвор, и парична казна од 500.000 јени (нешто над 3.000 евра).

Иако не се појаснува точно какви модификации Отобе направил, познато е дека „Нинтендо“ е особено строг кога станува збор за заштита на правата од интелектуална сопственост. Компанијата е позната по своите правни дејствија против пиратерија, модификации итн. Неодамна оттаму поднесоа тужба против развивачите на играта „Палворлд“ – токму за авторските права.

Откако „Свич“ се појави на пазарот кон крајот на 2016 година, уредот го зазеде третото место на листата на најпродавани конзоли на сите времиња. Компанијата неодамна го најави и „Свич 2“, со голем број достапни видеоигри. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни