Факултетите на Универзитетот за уметности во Белград се обединија во блокадите

Славата на Свети Никола и останатите празници што доаѓаат, сармите и руска салата нема да не поколебаат. Ние ќе останеме овде обединети, затоа што сакаме да празнуваме во иднината.

Пленуми на сите факултети на Универзитетот за уметности во Белград (Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за применети уметности, Факултетот за музичка уметност и Факултет за драмски уметности) се обединија и од сега ќе соработуваат и настапуваат во јавни акции кои се однесуваат на блокади, се наведува во соопштението на овој пленум.

„Нашата прва заедничка акција ќе биде во недела, 22. декември во 16 часот, кога ќе се приклучиме на собирот на студенти и земјоделци на Славија, на покана на колегите од Факултетот за организациони науки“, се додава во соопштението.

За недела во 16 часот на Славија е најавен голем протест на студентите, на кој ќе им се приклучат и земјоделците.

„Им порачувам на сите дека нас славата на Свети Никола и останатите празници што доаѓаат, сармите и руска салата нема да не поколебаат. Ние ќе останеме овде обединети, затоа што сакаме да празнуваме во иднината. Ние сакаме нормална Србија, повторувам, правда да се задоволи, вистина“, изјави за N1 студентот од Факултетот за организациони науки Лазар Стојаковиќ, најавувајќи го протест.

Студентите веќе неколку недели блокираат факултети и сообраќајници во 11:52, во знак на почит за 15-те загинати во падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад. На блокадите им се приклучија и средношколци, кои порачаа дека ќе продолжат да одат во училиште и следната недела, иако Владата донесе одлука дека распустот за сите основни и средни училишта во целата република ќе започне порано, односно во вторник, 24. декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни