Фајненшел тајмс: Трамп подготвува уредба за складирање метали од големи длабочини на океанот

Според плановите, ќе се создадат големи количини на залихи кои ќе бидат подготвени и достапни на територијата на САД и ќе се користат во иднина во случај на конфликт со Кина кој би можел да го ограничи увозот на ретки метали и минерали.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, подготвува извршна уредба која ќе овозможи складирање на метали и минерали од големи длабочини на океанот, за да се спротивстави на доминацијата на Кина во однос на минералите за батерии и ланецот на снабдување со ретки минерали, пишува Фајненшел тајмс.

Според плановите, ќе се создадат големи количини на залихи кои ќе бидат подготвени и достапни на територијата на САД и ќе се користат во иднина во случај на конфликт со Кина кој би можел да го ограничи увозот на ретки метали и минерали. Овој план доаѓа како одговор на извозните рестрикции на Кина, кои беа воведени минатата недела, како дел од одговорот на царинскиот пакет на Доналд Трамп. Овие рестрикции потенцијално можат да одсечат САД од минералите кои се клучни за производството на паметни телефони и батерии за електрични автомобили.

Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни