Израел објави снимка како F-35 урива ирански авион над Техеран, прв пат во историјата

Израелскиот воен авион Адир го соборил рускиот Јак-130 за само неколку секунди – последниот воздушен двобој на израелското воздухопловство бил пред 40 години

Израелски борбен авион F-35I го соборил иранскиот Јак-130 над Техеран на 4 март – прв пат во историјата F-35 да собори пилотиран авион.

Воздушниот двобој траел само „неколку секунди”, соопшти израелската армија. Израелскиот Адир го пресретнал Јак-130 додека извршувал мисија против ирански цели во Техеран.

Командантот на израелското воздухопловство генерал-мајор Томер Бар му честитал на пилотот, нарекувајќи го чинот „историски”. „Иранскиот авион ги загрозуваше нашите летала. Можеше да го погоди нашиот авион, затоа го соборивме”, изјавил бригаден генерал познат само по иницијалот.

Јак-130 летал на противдронска мисија кога бил пресретнат – се обидувал да ги соборува израелските дронови Хермес-900 над Техеран.

Јак-130 е руски воен авион наменет примарно за обука на пилоти, но може да носи оружје за лесни борбени мисии. Авионот бил развиен заеднички од руската фирма Јаковљев и италијанската Аермаки.

Последен пат израелското воздухопловство соборило непријателски авион на 24 ноември 1985 година над Либан, кога F-15 урна два сириски МиГ-23.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни