EXIT: Од студентите на Србија до срцата на милиони – Движење што ја буди надежта за подобро општество

EXIT Фестивалот ја сподели пораката на студентите кои без лидери, но со јасна визија, создадоа моќно граѓанско движење што илјадници луѓе ги изведе на улиците. Она што започна како протест, прерасна во симбол на солидарност, заедништво и борба за фер општество.

Младите демонстранти не бараат ништо повеќе од правда и слобода. Поттикнати од трагедијата во Нови Сад минатиот ноември, кога 16 лица го загубија животот по уривањето на настрешница, тие одлучија да го кренат својот глас против неправдите. Нивната борба е ненасилна, но истрајна. Со мирен отпор, тие покажуваат дека промените се можни, дека заедно можат да изградат подобро утре.

Нивниот повик за правда одекна низ целата земја. Професори, уметници, земјоделци, адвокати – луѓе од сите сфери на животот се обединија зад нивната идеја за слободно и фер општество. И покрај притисоците, студентите остануваат силни и решителни.


Наместо страв, тие избраа храброст. Наместо молк, тие избраа гласност. Наместо репресија, тие ја избраа слободата. И токму затоа, нивниот глас веќе не може да се игнорира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни