„Евзони“ повторно блокиран од грчките земјоделци

Денеска во два наврати повторно ќе биде блокиран граничниот премин „Евзони“ за влез од Македонија во Република Грција.

Како што информира Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот, а потоа и од 18 до 22 часот.

Грчките земјоделци се незадоволни од економските политики на владата, слабите откупни цени и нелојалната конкуренција.

Во знак на протест тие неколку дена блокираат фреквентни патни правци и гранични премини со соседните држави, а вчера накратко беше блокиран и меѓународниот аеродром во Солун.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни