Пазарот на продажбата на автомобили во Европска унија бележи пад од 1,2% во првите два месеци од 2026 година, додека продажбата на бензински и дизел возила нагло опаѓа во корист на хибридните и електричните модели.
Во периодот јануари–февруари 2026, регистрациите на нови автомобили во Европска унија се намалени за 1,2% во споредба со истиот период лани. Сепак, се забележува значајна промена во структурата на погонот. Батериските електрични возила сега имаат удел од 18,8% (во однос на 15,2% минатата година), додека хибридите остануваат најпопуларен избор со 38,7% од пазарот.
Од друга страна, традиционалните мотори со внатрешно согорување продолжуваат да губат доверба. Комбинираниот удел на бензинци и дизели паднал на 30,6%, во споредба со 38,7% во 2025 година.
Овие податоци укажуваат на забрзана транзиција кон декарбонизација, соопштува ACEA (Европската асоцијација на производители на автомобили).
Раст на електрифицирани возила
Во сегментот на целосно електрични автомобили се регистрирани 312.369 нови возила.
Резултатите по држави се различни Франција: раст од 38,5%, Германија: раст од 26,3%, Белгија: пад од 11%и Холандија: пад од 34,9%.
Хибридните возила дополнително ја зацврстија позицијата со повеќе од 643.000 регистрации, поттикнати од зголемена побарувачка во Италија и Шпанија.
Особено силен раст имаат plug-in хибридите – 162.751 возило (9,8% од пазарот), при што Италија ја удвои продажбата, а Шпанија и Германија бележат двоцифрен раст.
Овие трендови покажуваат дека хибридите се клучен преоден чекор кон целосна електрификација.
Пад на „фосилните“ возила
Сегментот на бензински автомобили бележи сериозен пад од 23,3% на ниво на Европска унија.
Најголем пад има во Франција (речиси преполовена продажба). Слични трендови има и во Германија, Шпанија и Италија. Пазарниот удел на бензинци паднал на 22,5% (од 29% лани).
Ниту дизелите не стојат подобро – нивната продажба е намалена за 17,7%, а учествуваат со само 8,1% од новите регистрации.
Податоците за Хрватска покажуваат поконзервативен пазар: Хибриди: 37,2%, Бензинци: 36,3%, Дизели: 14,2%, Plug-in хибриди: 7% и Електрични: 3,8%