Европскиот парламент (ЕП) ќе отвори канцеларија во Албанија за да го засили својот ангажман на Западен Балкан, најавено е вчера од оваа институција.
Како што се наведува во соопштението на ЕП, новата канцеларија на ЕП во Тирана ќе служи како клучна контактна точка помеѓу ЕП и националните парламенти, цивилното општество и локалните партнери на Западен Балкан, “во контекст на засилени геополитички тензија и обновен импулс за проширување на ЕУ”.
Канцеларијата ќе ги промовира ставовите и активностите на ЕП, особено во врска со процесот на пристапување во ЕУ, и ќе ја поддржи демократијата и институционалните реформи во регионот, се додава во соопштението.