Европскиот парламент изгласа доверба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, откако пратениците ги одбија двата предлога за недоверба кои беа поднесени од страна на крајно десничарските и левичарските групи, пренесе Reuters.
При првото гласање, 378 од вкупно 720 пратеници изразија доверба кон фон дер Лајен и нејзиниот тим на комесари. Во второто гласање, таа бројка се зголеми на 383.
Овие резултати се подобри од јулските, кога 360 пратеници гласаа против сличен предлог за недоверба. Сепак, тие се малку послаби во споредба со 401 глас “за” кои фон дер Лајен ги доби при своето реизбирање во јули 2024 година, наведува агенцијата Reuters.