Европската Унија продолжува да се фокусира на безбедноста на козметичките производи, па од 1 септември оваа година, супстанцијата TPO ќе биде забранета во гел лаковите за нокти.
Експертите предупредија за опасностите од трифенилфосфин оксид (TPO), хемикалија што се користи во повеќето гел лакови за стврднување под UV или LED ламби.
Истражувањата покажаа дека оваа супстанца може да предизвика голем број несакани ефекти, од хормонален дисбаланс и токсичност за репродуктивниот систем, до потенцијално формирање на рак.
Ризикот им се заканува не само на клиентите, туку и на маникирите во салоните. Долгорочната и секојдневна изложеност на овие супстанции, особено преку вдишување, го зголемува ризикот за здравјето.
Што е TPO?
TPO е фотоиницијатор – хемиско соединение кое им овозможува на геловите да се стврднат под UV или LED светлина. Често се користи во комбинација со други супстанции како HEMA или di-HEMA во производите за нокти, особено во погусти гелови или формули со брзо стврднување.
Сепак, научните истражувања покажуваат дека TPO може да биде штетен во контакт со кожата, може да предизвика алергиски реакции или иритација, а постои и ризик од рак.
Дерматолозите предупредуваат дека гел лаковите не се само естетски избор, туку и здравствен предизвик, особено за тинејџерките и жените во репродуктивна возраст.
„Поединечните компоненти можат негативно да влијаат на плодноста и развојот на плодот“, изјави дерматологот Весна Тлакер за словенечките медиуми.
Сите салони за убавина во Европската Унија затоа се обврзани да ги отстранат гел лаковите што содржат TPO до 1 септември. Сепак, како што тврдат сопствениците на салони, не сите се информирани за оваа регулатива на време, бидејќи информациите генерално ги добиваат само членовите на професионалните здруженија.
Останува да се види како оваа забрана ќе влијае на пазарот на козметика, како и дали ќе се појават побезбедни алтернативи што ги исполнуваат и естетските и здравствените стандарди.