Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата

Некои европратеници ја повикаа Европската комисија јавно да ја предупреди српската Влада дека каква било репресија врз демонстрантите на 15 март директно ќе влијае на европската иднина на Србија.

„Вклучувајќи адресирање на заплашување, насилство, мобилизација против протести и големо полициско присуство. Сегашната јасна изјава ќе испрати силна порака дека ЕУ нема да толерира понатамошна ерозија на демократските слободи во Србија“, се вели во писмото на дел од европратениците до претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.


Во писмото објавено на Икс, словенечката европратеничка Ирена Јовева, една од потписничките, ја повикува ЕК да не исплатува средства од Планот за раст на Србија пред да се исполнат сите услови, наведувајќи дека одговорот на Србија на протестите ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ.

Се повикува и на проширување на надлежностите на Европското јавно обвинителство (ЕППО) на земјите кандидати.

„Според Планот за раст, од Србија се бара да ги поддржува демократските механизми, вклучително слободни и фер избори, независно судство, плурализам на медиумите и владеење на правото. Комисијата мора да се осигури овие предуслови да се исполнат пред да исплатат какви било средства од ЕУ и да ги следи во текот на целиот период“, се наведува во извештајот.

Тие понатаму пишуваат дека граѓаните на протестите во Србија бараат транспарентност, отчетност и владеење на правото, а „едвај добиваат принципиелна, па дури и симболична поддршка од највисоките или од кој било претставник на ЕУ“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни