Европејците живеат подолго од кога било, Македонците пак имаа пократок животен век

Познато е дека жените во просек живеат подолго од мажите. Во ЕУ, за девојчиња родени во 2023 година, се очекувало дека ќе живеат во просек 5,3 години подолго од момчињата.

Очекуваното траење на животот при раѓање во целата ЕУ во 2023 година било 81,4 години, а во Македонија е 75 години. Тоа значи дека Македонците живеат скоро шест години пократко од просекот на ЕУ.

Кога се разгледуваат региони на ЕУ, највисокото очекувано траење на животот при раѓање е забележано во шпанскиот регион Comunidad de Madrid (86,1 години), а потоа следуваат италијанскиот Provincia Autonoma di Trento и Åland во Финска (85,1). Регионот на ЕУ со најниско очекувано траење на животот при раѓање бил Северозападен (73,9) во Бугарија, а потоа Észak-Magyarország во Унгарија со 74,9 години.


Познато е дека жените во просек живеат подолго од мажите. Во ЕУ, за девојчиња родени во 2023 година, се очекувало дека ќе живеат во просек 5,3 години подолго од момчињата.

Овој јаз значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ. Најголема разлика меѓу половите е забележана во Латвија (10,1 години), додека најмала разлика била во Холандија (3,0 години).

Интересно е да се забележи дека тој јаз е поголем во помалку развиените посткомунистички земји отколку во развиените западни земји.

Очекуваното траење на животот при раѓање во ЕУ нагло пораснало во текот на минатиот век благодарение на бројни фактори. Меѓу нив се намалување на смртноста на новороденчиња, повисок животен стандард, поздрав начин на живот, подобро образование и напредок во здравствената заштита и медицината.

Официјалните статистики покажуваат дека од 1960-те години во ЕУ очекуваниот животен век растел просечно за повеќе од две години по деценија.

Меѓутоа, во 2020 година, по избувнувањето на пандемијата на ковид-19, овој показател се намалил во 25 земји на ЕУ во споредба со 2019 година, а исклучоци биле Данска и Кипар. Во 2020 година се намалил за 0,9 години, на 80,4 години. Понатаму се намалил во 2021 година на 80,1 година, а потоа повторно пораснал во 2022 година на 80,6 години.

Во 2023 година, овој показател бил ист или поголем отколку во 2019 година во 21 земја на ЕУ, но сѐ уште бил понизок во 6 земји на ЕУ: во Финска (-0,5 години), Холандија (-0,3 години), Германија (-0,2 години), како и во Италија, Латвија и Австрија (сите по -0,1 година).

Најчесто користениот показател за анализа на смртноста е очекуваниот животен век при раѓање, односно просечниот број на години што една личност може да очекува да живее од моментот на раѓањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни