И тоа најмногу од Кина, што е нов удар за онлајн трговците како „Temu“ и „Shane“.
Европската комисија во завчера објави нацрт-предлог за справување со давачките по притисокот од земјите-членки чии царински органи се преоптоварени со 4,6 милијарди артикли директно увезени во домовите на луѓето секоја година.
Предлогот, кој го виде Фајненшл тајмс, не го прецизира нивото на таксата, но луѓе запознаени со размислувањето на комисијата сугерираат дека ќе биде околу 2 евра.
Дел од парите би ги покривале царинските трошоци, но би отишле и во буџетот на ЕУ, додавајќи милијарди годишно.
Комесарот за трговија Марош Шефчовиќ вети дека ќе се справи со зголемувањето на бројот на парцели, што, додаде, доведе до зголемување на опасните и неусогласени стоки и поплаки од трговците од ЕУ за нелојална конкуренција.