Европа пред ризик од недостиг на дизел до мај: сериозно предупредување од ИЕА

ИЕА предупредува дека Европа може да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво до мај поради глобалната енергетска криза и нарушувања на Блискиот Исток.

Европа би можела да се соочи со недостиг на дизел и авионско гориво најдоцна до мај, предупреди директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол.

Според него, актуелната глобална енергетска криза е посериозна од нафтените шокови во 1970-тите и кризата со гасот од 2022 година. Најголем удар трпат азиските пазари, додека Европа сè уште е во рана фаза на последиците.

Бирол посочи дека конфликтите и нападите врз енергетска инфраструктура на Блискиот Исток, како и ограничувањата на пловидбата низ Ормускиот теснец, значително го намалиле глобалното снабдување со нафта.

Според проценките, испораките од регионот се намалени за повеќе од 12 милиони барели дневно, што веќе создава сериозни притисоци на пазарот.

ИЕА претходно пласираше рекордни 400 милиони барели од стратешките резерви за стабилизирање на пазарот, но, како што истакнува Бирол, тоа само го ублажува проблемот, а не го решава.

„Клучното решение е отворањето на Ормускиот теснец“, порача тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни