Еве вака се мота џоинт

Како се мота џоинт? Еве го нашиот едноставен водич од седум чекори за најлесниот начин да се смота класичен конусен џоинт, корисно за почетници.

Видео превземено од https://www.leafly.com

Потребен ви е канабис, ризли за џоинт, фас(хартиен филтер), мелница за канабис (грајндер), пенкало или дршка од некој тенок предмет кој ќе ви помогне убаво да го „натапкате“ џоинтот.


Чекор 1: Мелете го канабисот


Користејќи го грајндерот, а ако немате грајндер можете и со рака или ножички, сомелете го канабисот најситно што можете. Марихуаната се мели за да овозможи полесено пренесување на чадот низ џоинтот, а и за попрецизно мотање. Исто така осигурува џоинтот да гори рамномерно од сите страни. Грајндерот, освен што помага еднакво да е расситнета тревата, исто така, помага со лепливи прсти, Лепливите прсти можат да ви ја потегнат хартијата и да ви се истури канабисот насегде! Ако вашиот канабис е прелеплив, или недоволно исушен можете да почнете да го раситнувате со ножица па после да го ставите во грајндерот.

Чекор 2: Направете фас или филтер


Направете филтер, наречен фас. Започнете со неколку „цик-цак“ набори, а потоа свиткајте го фасот и формирајте го да е толку дебел колку што ви треба за количината што ја мотате.

Фас можете да направите од билошто. Некои луѓе што не сакаат фас да пушат користат прави макарончиња. Можете од картонот од кутија цигари да си помогнете ако сте во брзање а немате фас на вас.

Фасот не е неопходен, но додава стабилност на џоинтот и ви овозможува да уживате во секое парче канабис без да ги изгорите врвовите на прстите или усните. Исто така, помага да не повлечете парче марихуана во душникот дур пушите.

Чекор 3: Наполнете ја ризлата за мотање џоинт со канабис


Обично се гледа каде стои лепакот на самата ризла. Тоа е мала жолта лентичка на еден од рабовите. Бидете сигурни дека точно ја имате наместено ризлата пред да ги додадете канабисот и фасот. Ставете го фасот на едниот крај од ризлата и наполнете ја хартијата со гане. Штом хартијата ќе ја наполните со посакуваната количина – половина грам до цел грам обично ќе ја наполни до крај – можете да почнете да го формирате и обликувате џоинтот со вашите прсти.

Брза забелешка за ризлите: Достапни се многу различни видови ризли а некои се и со вкусови. Многу луѓе претпочитаат ризли од коноп бидејќи тие имаат тенденција да бидат тенки, но силни и рамномерно горат без да влијаат на вкусот на вашата трева, но постојат различни хартии за секој пушач.

Чекор 4: Свиткајте го џоинтот


Откако ќе го ставите канабисот и го „протривте“ џоинтот, време е да го „смотате“со тркалање на хартијата. Стиснете ја хартијата меѓу врвовите на прстите и ролајте ја напред-назад за да го спакувате канабисот во неговата конечна форма на конус.

Чекор 5: Излижете го џоинтот


Овој чекор може да го направи или уништи квалитетот на вашиот џоинт. Сега жолтата лентичка со лепак треба да ја активирате со тоа што нежно ќе ја залижете. Не користете премногу плунка, затоа што ако се намокри ризлата може да се скине. Пробајте нежно да нанесете плунка само таму каде што има леплив материјал. Откако ќе нанесете плунка треба да го преклопите џоинтот, како кога сте мали деца и си играте дека од парче хартија сте направиле телескоп.

Професионален совет: Започнете со страната каде што ви лежи фасот бидејќи може да помогне да ја води хартијата додека се тркала околу него.

Откако хартијата ќе се прицврсти на едниот крај, можете да го спуштите остатокот од шевот со набивање и запечатување на спојницата. Овој дел се учи со пракса. Не можеме да ви помогнеме, но не откажувајте се. Ако пробате доволно пати еднаш сигурно ќе ви успее и ќе се изненадите како ви се исплатило вложеното време. После првиот пат секој нареден џоинт е „боза“ за мотање.

Чекор 6: Спакувајте го џоинтот


Конечно, натапкајте го отворениот крај на џоинтот за да помогнете да се обезбеди рамномерно горење. Пенкалото е одлично, но можете да користите речиси сè што е тенко.

Некои добри опции ако сте во движење: врвот на врвката за чевли, врвката за влечење на дуксерот или мало стапче. Ако не планирате веднаш да го запалите џоинтот, затоврете го со вртење на врвот на хартијата.

Чекор 7: Уживајте!

Буквално, на здравје!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни