Евакуација од Блискиот Исток: Македонските државјани полетаа од Египет кон Скопје

Македонските државјани евакуирани од Израел попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје со владиниот авион, соопшти министерот Тимчо Муцунски.

Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел попладнево полетаа од египетскиот град Шарм ел-Шеик кон Скопје со владиниот авион, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Тој на социјалните мрежи соопшти дека Министерството целосно го координирало процесот на евакуација, нагласувајќи дека безбедноста на македонските граѓани останува врвен приоритет.

Според Муцунски, евакуацијата била комплексен процес кој барал интензивен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва, строго почитување на безбедносните процедури и постојана координација меѓу надлежните институции.

Паралелно, како што посочува министерот, завршена е постапката за склучување договор со компанија која во наредните денови треба да започне со реализација на летови за евакуација на македонските државјани од останатите погодени подрачја, во координација со дипломатско-конзуларните претставништва.

Од Министерството додаваат дека дипломатските мисии и конзулатите остануваат достапни 24 часа на ден за сите македонски граѓани кои се наоѓаат во регионот и имаат потреба од помош или поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни