Europ’Raid е првата авантуристичка тура низ Европа, каде што учесниците поминуваат осум илјади километри, поминувајќи низ 20 држави во 22 дена со Пежо 205.
Над 600 учесници ги возат „олд-тајмерите“ декорирани и подготвени за авантурата. Тие патуваат по тројца во возило и посетуваат 13 главни градови и над 60 места заштитени од УНЕСКО.
Оваа тура започна во 2014 година во Франција и оттогаш во неа се вклучиле над 1000 тимови, 3000 учесници од Франција, Белгија, Шпанија и Полска. Турата се вози во првите три недели од август секоја година и е отворена за сите, без разлика на возраста или националноста. За да учествувате, тимот треба да брои три членови и да вози Пежо 205. Секој тим исто така треба да има и 70 килограми во подароци кои се споделуваат во солидарните акции.
Учесниците поминуваат низ Франција, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Грција, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Полска, Чешка, Германија, Холандија и Белгија.
Дел од искуството во турата е и средбата со локалното населени во секоја држава во која поминуваат учесниците и споделувањето на културата. Секоја вечер се организираат забави за сите учесници на кои се претставува културата и традицијата на земјата домаќин.
Од македонските градови домаќин на турата е Крива Паланка, каде што учесниците присуствуваа на франкофонски хепениниг со македонски фолклор и концерт на BAD ASS ALL. Во рамките на овој настан, учесниците се запознаваат со македонската култура и традиција, а во духот на меѓународната солидарност, ќе донираат училишна и спортска опрема во училиштето.