Europe House Скопје го објави архитектонскиот конкурс „Скопје на новата генерација“

Одбележувајќи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, делегацијата на Европската унија во земјава објави урбанистички конкурс за нови идеи како да се гради и развива градот Скопје. Отворен е за млади архитекти и урбанисти кои ќе понудат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град.

„Овој конкурс е повеќе од натпревар за најдобар дизајн, тој е мисија да се подобрат запоставените простори и да се направи градот подобар за сите. Конкурсот дава можност да се внесе нов живот во старите и заборавени градски делови“, се вели во објавениот конкурс од ЕУ.

Конкурсот „Скопје на новата генерација“ е во рамките на одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Ќе биде отворен до 22 октомври, а изложбата  и доделувањето на наградите ќе биде на 13 ноември.

За првонаградените предвидени се награди до 1.500 евра, а решенијата ќе ги разгледуваат група експерти од Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Сите предлози ќе бидат анонимни.

Најново

Последни колумни