„Ова се не купува со пари, ова е љубов“
Колоната од Бачка Паланка пристигна во Нови Сад со транспарент „Бачка Паланка ги поддржува студентите“ и пиратско знаме – симбол на протестите на генерацијата Z. На раскрсницата кај Футошка пијаца беа пречекани со факли, добоши и скандирања „ко не скаче, тој е чаци“.
„Ова се не може купити никаквим новцем, ова е чиста љубав према народу и земљи“, рече еден од учесниците.

Пешачење за промена
Студентот Енес Џоговиќ од Државниот универзитет во Нови Пазар (ДУНП) изјави дека нивното патување било повеќе од физички напор – тоа било симбол на обединување.
„Кога тргнавме, сите мислеа дека сме луди. Немавме опрема, ни полициска придружба – само патики, луда глава и јасен мотив. Но, успеавме благодарение на народот. Ова е порака на солидарност која никој не може да ни ја земе,“ рече Џоговиќ, додавајќи дека нема да се откажат од борбата за својот универзитет.
Просидба на мостот на слободата
Во еден емотивен момент, студентот Дарис Шуковиќ ја запроси својата девојка Џејла Ахметовиќ на Мостот на слободата. Колегите ја проследија сцената со аплаузи, прегратки и звуци од мотори.
„Не знаев што се случува, само слушнав да ми велат ‘побрзај’. Ова е најубавото изненадување во мојот живот,“ рече Џејла низ солзи.
Novopazarski studenti stigli u Novi Sad #novisad pic.twitter.com/Vj2aak7lMD
— I love Novi Sad (@ilovenovisad) October 31, 2025
Солидарност без поделби
Студентите од Нови Пазар добија благодарници од колегите од Нови Сад со натпис:
„За секој твој чекор во борбата за слобода. Без поделби, љубовта е отпор.“
„Без зборови сме. Ова е доказ дека народот стои заедно,“ изјави студентката Емина Спахиќ.
Порака на обединета Србија
Граѓаните на Нови Сад со факли и транспаренти го поздравија пристигнувањето на колоните. „Денес славиме солидарност, утре ќе биде ден на тишина и размислување,“ изјавија организаторите.
Бројни медиуми јавуваат дека вечерта поминала без инциденти, а атмосферата била исполнета со енергија, солзи и надеж дека младите луѓе ја враќаат верата во промени.
Извор: N1info.rs
