Rезервни сили на ЕУФОР пристигнуваат во Босна и Херцеговина, преку копнен и воздушен пат. Како што беше соопштено од мисијаta, точниот број на војници ќе биде објавен по пристигнувањето на последниот контингент во земјата.
Во наредните денови, силите на ЕУФОР ќе бидат засилени со војници, возила и хеликоптери од Чешка, Италија и Романија.
За да се овозможи непречено спроведување на оваа операција, ЕУФОР ќе преземе сите потребни мерки за да се намали било какво влијание врз локалните заедници и сообраќајот, беше соопштено од Главната команда на Европската унија.