ЕУ покренува истрага против Гугл поради рангирање и видливост на медиумски содржини

Истрагата ќе се фокусира на практиката на Гугл да го намалува рангот на одредени медиумски веб-страници доколку содржат спонзориран или комерцијален материјал, мерка која компанијата ја оправдува како дел од политиката за заштита на дигиталниот углед на страниците и спречување злоупотреби од трети страни, пренесува Euractiv.

Сепак, Европската комисија најави дека ќе испита дали овие политики всушност ги ограничуваат издавачите да соработуваат со други партнери и да ги монетизираат сопствените содржини.

Европската комесарка за конкуренција, Тереза Рибера, изјави дека е од суштинско значење издавачите на вести да не трпат загуби, особено во период што го опиша како „предизвикувачки за целата медиумска индустрија“.

Доколку се утврди дека Гугл го прекршил DMA, компанијата може да се соочи со казна до 10 проценти од својот глобален приход, како и со дополнителни санкции во случај на повторени прекршувања.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни