Европската унија повторно ја намали горната граница на цената на руската нафта

Новото ограничување ќе стапи во сила од 1 февруари, со преоден период до април 2026 година

Европска унија повторно ја намали горната граница на цената на руската нафта, како дел од мерките поврзани со тековната руска инвазија врз Украина. Одлуката е објавена во спроведбена уредба на Европска комисија, пренесува украинскиот медиум Ukrainska Pravda.

Според документот, цената од 47,6 американски долари по барел ќе се применува до 31 јануари 2026 година, по што, од 1 февруари, горната граница ќе биде дополнително намалена на 44,1 долар по барел. Сепак, предвиден е преоден период до 16 април 2026 година, во рамки на кој ќе бидат дозволени плаќања по цена од 47,6 долари за договори склучени пред 1 февруари.

Претходно, од 3 септември 2025 година, горната граница на цената на руската нафта изнесуваше 47,6 долари по барел, што веќе претставуваше намалување во однос на претходното ограничување од 60 долари по барел.

Мерката е дел од поширокиот пакет санкции со кои Европската унија настојува да го ограничи приходот на Русија од извоз на енергенси и да го намали финансирањето на воените операции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни