ЕУ ќе воведе такса за мали пратки: Удар за Temu и Shein

Европската комисија предложи воведување такса од 2 евра за секоја мала пратка што пристигнува во ЕУ – најголем дел од нив доаѓаат од Кина, преку онлајн платформи како Temu и Shein.

„Станува збор за симболична сума од два евра по пратка, која би ја плаќала платформата што ја испраќа“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчович во Европскиот парламент во Брисел.

Минатата година во ЕУ биле увезени околу 4,6 милијарди мали пратки, најчесто со ниска вредност.

Оваа такса има за цел да обезбеди средства за засилени царински и безбедносни контроли, особено поради зголемениот прилив на пакети од Азија. Причината за растечкиот прилив е најавеното зголемување на царините од страна на САД за увоз на кинески производи, по што се очекува прелевање кон европскиот пазар.

Иницијативата доаѓа по предлог на Франција, која во април побара да се воведе „надомест“ за секоја мала пратка што влегува во Европската унија.

Ценовен шок за корисниците на Temu во САД

Temu, кинескиот онлајн гигант, веќе започна да додава увозни давачки на нарачките за американскиот пазар, со скокови до 145% од првичната цена.

Пример:

  • Летен фустан кој чинел 18,47 долари, сега со давачки чини 44,68 долари.
  • Детски костим за капење од 12,44 долари сега чини 31,12 долари.
  • Рачен правосмукалец од 16,93 долари поскапел на 40,11 долари.

На својата веб-страница Temu објаснува дека овие давачки ги покриваат трошоците поврзани со царинските постапки, но и предупредува дека прикажаниот износ не секогаш го одразува реално платениот износ до царинските органи.

Со оваа нова европска мерка, се очекува слично зголемување на цените и за европските корисници на евтините онлајн продавници од Кина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни