ЕСКАПИЗАМ, ОПТИМИЗАМ концерти на „Милко“ и „Преку ред“ во Лабораториум

„Ритам и звук: Стереолаб топ 20“ е топ листа која се занимава со презентирање на музика направена исклучиво на нашето мало парче од планетата. Официјалната топ листа на СТЕРЕОЛАБ онлајн радио станицата, која се емитува секоја среда помеѓу 18 и 20 часот и третира исклучиво домашната музичка сцена

Оваа сабота, 26-ти април, во КЦ Лабораториум, со почеток во 21 часот, со настапите на „Милко“ и „Преку ред“ го претставуваме првото издание на концертните сесии „Ескапизам, оптимизам“.

Овие концертни ќе функционираат како месечни резиденции во чии рамки во големата сала на КЦ Лабораториум, ќе се претставуваат по два изведувачи застапени во неделната радио програма посветена на македонска музика „Ритам и звук: Стереолаб топ 20“. Тоа значи дека пред публиката ќе се претстават бендови и изведувачи кои активно настапуваат во живо и имаат издадено нова музика во последниве месеци.

„Ритам и звук: Стереолаб топ 20“ е топ листа која се занимава со презентирање на музика направена исклучиво на нашето мало парче од планетата. Официјалната топ листа на СТЕРЕОЛАБ онлајн радио станицата, која се емитува секоја среда помеѓу 18 и 20 часот и третира исклучиво домашната музичка сцена. Емисија која произлезе од вербата во квалитетот на домашните автори и потенцијалот на нивните песни. „Ритам и звук: Стереолаб топ 20“ е водена од Александар Алексовски, под уредничката плака на Александар Гавровски, кој заедно со останатите музички соработници од радиото се обидува да го издвои најдоброто од вибрантната локална музичка сцена.

Целта е овие концертни сесии да се етаблираат во вечери со фестивалска атмосфера во кои публиката ќе има прилика да ги погледне и послуша авторите од таканаречената „независна“ музичка сцена – витална, здрава и неверојатно плодна гранка од македонското општество.

Влезниците за настанот може да се набават во Лабораториум по цена од 200 денари.

Преку ред“ е млад бенд – претставник на најновата генерација музичари. Членовите на бендот се во тинејџерските години или во своите рани дваесетти. Настапуваат во класична рокенрол постава (вокал, гитара, бас, тапани) а нивните песни се експлозивни и бесни, типични три-минутни рокенрол песни. Ова е одлична прилика сите ние подобро да се запознаеме со музиката на Преку ред кои ќе настапат први во саботното издание на Ескапизам, оптимизам.

Милко“ е инди рок бенд кој речиси дваесет години срамежливо снима и издава брутално квалитетни песни. Од извонредниот сингл „Don’t Let Them Win“ од 2008 година па до денес активни на сцената со своите концерти но и цел еден куп сингл и EP изданија како и два албуми „Луѓе“ од 2013 и „Милко“ од 2015 година. Во моментов активно работат на својот трет албум.

Концертите ќе се пренесуваат во живо на радио-програмата на Стереолаб.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни