Ескалација на Блискиот Исток: Нетанјаху тврди дека Израел гаѓал железници и мостови во Иран

Нетанјаху соопшти дека Израел нападнал железници и мостови во Иран, тврдејќи дека се користат за воени цели од ИРГЦ. Нападите доаѓаат во период на зголемени регионални тензии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека израелската армија извршила напади врз железничка и патна инфраструктура во Иран, тврдејќи дека таа се користи за воени цели од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Во видеообраќање, Нетанјаху изјави дека целите биле инфраструктурни објекти кои, според него, служеле за транспорт на оружје, воен персонал и материјали поврзани со производство на вооружување.

– Вчера нашите пилоти уништија транспортни авиони и десетици хеликоптери во иранска воздухопловна база. Денеска беа нападнати железници и мостови што ги користи ИРГЦ, изјави Нетанјаху.

Иранските медиуми, пак, известуваат за серија напади врз транспортната мрежа низ земјата, во период на зголемени тензии и притисок врз Техеран, поврзани со ултиматумот на САД што истекува вечерва.

Ситуацијата дополнително ја засилува загриженоста за ново проширување на конфликтот во регионот, во услови на веќе високи геополитички тензии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни