Ескалација на хаосот во Tурција: Полицијата испукала солзавец и гумени куршуми, уапсени повеќе од 40 демонстранти вчера вечер во Истанбул

Демонстрациите започнаа во Истанбул минатата среда кога градоначалникот Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен по обвиненија за корупција.
epa11986126 Turkish riot police detain a protestor during a protest against the detention of Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu in Ankara, Turkey, 24 March 2025. Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu of the Republican People's Party (CHP) was jailed and dismissed by the Turkish Ministry of Interior on 23 March on corruption charges following his detention on March 19 along with 100 others. EPA-EFE/NECATI SAVAS

Полицијата уапсила 43 демонстранти во центарот на Истанбул, соопштил турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи.

Во понеделникот навечер повторно беше одржан митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане, во близина на градската општина, на кој присуствуваа повеќе илјади луѓе, пренесува агенцијата Риа Новости. Помали групи демонстранти исто така се обиделе да организираат демонстрации во други делови на Истанбул, соопштува агенцијата.


Демонстрациите започнаа во Истанбул минатата среда кога градоначалникот Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен по обвиненија за корупција.

Судирот со безбедносните сили ескалираше во неделата навечер, откако полицијата испали солзавец и гумени куршуми кон демонстрантите, пренесува британскиот јавен сервис.

Судот во неделата донесе одлука Имамоглу да остане во притвор до почетокот на судењето за наводна корупција и тероризам. Имамоглу ги негира обвиненијата, а властите го суспендираа од функцијата градоначалник на Истанбул додека е во истражен притвор

Инаку тој е најистакнатиот политичар на опозициската Републиканска народна партија (CHP) и најголемиот политички противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни