Ердоган до Мелони: „Мора да престанеш да пушиш“ – Макрон: „Тоа е невозможно“

На мировниот самит за Газа, Ердоган ѝ рече на Мелони дека мора да престане да пуши. Макрон одговори: „Тоа е невозможно!“

На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, беше снимен интересен и неформален разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, италијанската премиерка Џорџа Мелони и францускиот претседател Емануел Макрон.

„Изгледаш одлично. Но мора да те натерам да престанеш да пушиш,“ ѝ рече Ердоган на Мелони, според видеото објавено од италијанскиот дневен весник Il Foglio и други медиуми.

Во разговорот се вклучил и Макрон, кој стоел до нив, коментирајќи низ насмевка:

„Тоа е невозможно!“

Мелони се насмевнала и одговорила:

„Знам, знам. Не сакам да убијам некого.“

Во една книга базирана на серија интервјуа, Мелони претходно признала дека повторно почнала да пуши по 13 години апстиненција. Таа, исто така, раскажала дека пушењето ѝ помогнало да се поврзе со други политичари – вклучувајќи го и претседателот на Тунис, Каис Саид.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни