Реклмата во која ѕвездата од серијата „The Last of Us“, Бела Ремзи ја прашува Сири за името на личноста со која што имала состанок минатиот месец во одреден ресторан, повеќе не е јавна.
Ваквите функции нема да бидат достапни за брзо за Сири, откако Епл најави дека се одложуваат новите ажурирања.
Дел од медиумите кои ги следат технолошките развои во САД одат и чекор подалеку и пишуваат дека ваквите надградби на Сири воопшто нема да дојдат, туку дека Епл ќе работи од почеток на нивниот виртуелен асистент.