На час по латино танци со Ања Марковска

Енигматичната латино танчерка која ја ослободува страста и моќта преку познатиот агресивен „Paso Doble“

Ања Марковска има 19 години а танцува од својата четврта година. Од девет години почнува да оди на латино танци заради темпераментните слободни движења и експресија на емоциите кои се карактеристични за овој вид танци. Таа со својата скромна надворешност е олицетворение на младоста и убоста.

Настапува во студиото Dancers United и вели дека се најпрошетана танчерска група.

„Нашиот прв тим има настапувано во Италија, Русија, Полска, Романија, Грција, Србија и низ целиот Балкан. Секаде каде што сме оделе сме биле одлично пречекувани и доколку посетата имала натпреварувачки карактер секогаш сме се враќале со пехари и награди. Лани во Италија земавме прво место на светско ниво, а во Варшава земавме прво место како европски прваци“, изјави Ања за читателите на Трн.

За себе вели дека е сосема различна во приватен живот од оној на сцена. „Друг свет е тоа, во приватен живот сум смирена и користам бледи тонови, се облекувам едноставно и не се шминкам многу, а таму е сосема друго, носам потпетици, имам фризура, силна шминка, костим во живи светли бои. Исто така за на сцена ја потемнуваме кожата,  за да се покажат повеќе тонизираните мускули а како ќе бидам облечена зависи од тоа дали играме во група или соло. Ако играме групно носиме ист костим и иста шминка која секогаш е нападна за да биде исклучително забележителна и на потпетици не пониски од 7 см“

Во латино танците спаѓаат пет танци, ча ча ча, румба, самба, пасо добле и џаиф.

„Пасо добле ми е еден од омилените танци, тоа е прилично агресивен танц, бик и гладијатор е интерпретација на самиот танц. затоа што латино обично се игра во пар, кај нас нема многу машки и за жал немам пар, па затоа често играм соло.“

Спорт или уметност

 „ Спорт е затоа што треба многу вежбање и да си многу посветен, а уметност е заради тоа што можеш да се искажеш сам себе.“

Талент или работа

„Дефинитвно треба да ја чувствуваш музиката, ама ритам и се учи. Движењата ти доаѓаат природно или ги учиш, на човек што не му доаѓаат природно може да се доведе до степен тоа да изгледа сосема коректно, а на оние што имаат ритам во вена им оди полесно. “

Метаморфозата на Ања е доказ за моќта на танцот да го извади внатрешниот оган и самодовербата. На подиумот, таа не е  тивката девојка што се претопува во позадина; таа е сила на природата, виор на страст и изразување.

Но, она што остана постојано, среде виорот на трансформацијата, е  скромноста и благодатта на Ања. Надвор од сцената, таа остана истата приземна млада девојка која тргна на ова неверојатно патување. Нејзината уметност е  доказ за нејзината посветеност и трансформативната моќ на танцот, покажувајќи му на светот дека дури и најскромните поединци можат да заблескаат кога ќе го најдат својот вистински повик.

Во светот на латино танцот, Ања е светилник на талентот и автентичноста, потсетувајќи не сите нас дека под слоевите шминка, под живите бои и високите потпетици, се крие срце кое танцува во ритамот на страста. Нејзината приказна служи како инспирација за секој кој се осмелува да го прифати своето вистинско јас, без разлика колку е блескава или неочекувана трансформацијата.

Најново

Последни колумни