Омилениот концертен бенд во регионов, хрватските Elemental, ќе бидат дел од годинешниот ТАКСИРАТ на 7 декември во Арена Борис Трајковски.
Загрепскиот состав Elemental е докажан меѓу најдобрите изведувачи во живо на Балканот, шармантно еклектичен и со уникатен музички потпис кој е жанр сам по себе.
Повеќе од 25 години кариера, експлозија од звук и енергија, искрени текстови, моќни настапи и наградени албуми се гаранција за одлична забава на главната фестивалска вечер.