Кинескиот производител на електрични возила BYD во 2024 година ја надмина американската компанија Tesla и стана најголемиот глобален производител на електрични возила.
Според агенцијата Bloomberg, продажбата на електрични возила на BYD во текот на 2024 година достигнала 4,25 милиони единици, со што кинеската компанија го намали јазот и го надмина американскиот производител Tesla.
BYD забележа значителна експанзија во 2023 година, со зголемување на производствените капацитети и бројот на вработени. Во третиот квартал од 2024 година, приходите на BYD ги надминаа резултатите на Tesla, кој долго време беше лидер во областа на електричните возила.
Компанијата со седиште во Шенжен, Кина, во декември 2024 година испорача 509.440 возила од категориите приклучни хибриди и батериски возила. Годишните приходи на BYD во изминатата година пораснаа за 41%.