Електрични автомобили од Кина пристигнаа во Германија, но дали и во Македонија?

Електричните автомобили стануваат се поприсутни на пазарот на Европската унија, а Кина се позиционира како еден од многу важните актери за иднината кога станува збор за оваа промена. Додека некои економисти предупредуваат на одредени долгорочни последици, други аналитичари сметаат дека оваа динамика на развој е позитивна. Во секој случај, веќе некое време се предвидува дека западниот дел на Европа би можел да биде преплавен од кинески производители на автомобили, пред се поради нивните пристапни и конкурентни цени.

Имено, една од пречките за Кина уште порано да нападне на европскиот пазар беше недостатокот на големи транспортни бродови, кои земјата, поради високата концентрација на сопствениот и на азискиот пазар, ги изнајмуваше кога станува збор за морскиот транспорт. Најголем кинески извозник на електрични автомобили е компанијата „BYD“, а како што неодамна објави РТС, токму тие обезбедиле осум транспортни бродови за следните две години за извоз на автомобили.

Бидејќи ова повеќе не е пречка, брод натоварен со главно електрични автомобили пристигна на морското пристаниште во северозападниот дел на Германија, и покрај тоа што бродскиот сообраќај е отежнат во сегашната геополитичка ситуација. Освен во Германија, автомобилите ќе се најдат и на пазарите во некои други земји во Европа. Најинтересно кај овој производител на електрични автомобили е цената со оглед на тоа што некои модели на нивните нови автомобили ќе чинат околу 10.000 евра, што е голема разлика во однос на европските производители.

Бидејќи оваа компанија добива субвенции во својата земја, ЕУ пред неколку месеци покрена официјална истрага за субвенциите што Кина ги даде на своите производители на електрични возила, што може да доведе до воведување казнени давачки за увоз на кинески електрични возила, поради кои не би пораснале ниту цените ниту извозот.останатите се исти.

Според Европската комисија, цените на кинеските електрични автомобили генерално се околу 20 отсто пониски од оние што се произведуваат во ЕУ. Згора на тоа, проекциите покажуваат дека до 2025 година, Кина би можела да има 15 отсто удел во продажбата на електрични возила во ЕУ, според ДПА.

Европската комисија започна истрага за да процени дали треба да се воведат казнени тарифи за да се заштитат производителите на ЕУ од поевтиниот кинески увоз на електрични возила, за кои се вели дека имаат корист од државните субвенции, бидејќи германската автомобилска индустрија прави голем дел од сопствениот извоз во на исток, и бидејќи меѓународната трговија е многу комплицирана, прашање е какви потези ќе се преземат..

И покрај овие предизвици, кинеските производители на автомобили продолжуваат да се прошируваат на европскиот пазар, користејќи ги своите технолошки иновации и конкурентни цени за да привлечат купувачи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни