Екстремно ладно утро ја зафати Македонија денес. Времето е ведро со умерена локална облачност, додека особено во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец.
Температурите насекаде се длабоко под нулата, а во поголем дел од земјата тие се спуштија до, па и под -10 степени.
На Попова Шапка во овие моменти се измерени околу -16 до -17 степени, додека на Титов Врв температурата се спушти дури до околу -25 степени, што претставува еден од најладните моменти оваа зима.
Причина за ваквото време е екстремно ладниот бран кој се спушта од север кон нашиот дел од Европскиот континент, носејќи многу студено, но суво време – таканаречен сув студ.
Се препорачува зголемена внимателност, особено во планинските предели и во раните утрински часови.
